Pet Center Delfin е место каде што ќе најдете сè што е потребно за среќен и здрав живот на вашите миленици. Во нашиот асортиман нудиме квалитетна храна за кучиња, мачки, глодари, птици и риби, грицки, играчки, опрема, козметика, суплементи, транспортери, лежалки, поводници, околувратници, облека и уште многу други производи за секојдневна грижа за вашите миленици.
Покрај широкиот избор на производи, секогаш сме тука да им дадеме стручни совети на нашите купувачи и да помогнеме при изборот на храна, опрема и препарати што најдобро одговараат на потребите на нивните миленици.
Веруваме дека заедно можеме да направиме повеќе за напуштените животни. Затоа на сите купувачи кои купуваат храна за напуштени кучиња и мачки им одобруваме Loyalty попуст, како мал знак на благодарност за нивната хуманост и грижа. Ви благодариме што заедно со нас им давате шанса на оние кои немаат свој дом.
